Миранда Кер роди син!

10 мај 2018

Познатата манекенка Миранда Кер и нејзиниот партнер Еван Спигл му посакаа добредојде на нивниот прв заеднички син на кој му го дадоа името Харт.

Светските медиуми пишуваат дека манекенката се породила во позната приватна болница во Лос Анџелес и дека и мајката и бебето се во добра состојба.

Како што додаваат, бебето го добило името по дедото на партнерот на Миранда, а се родило во 11.53 на 7 - ми мај.

Инаку, манекенката е мајка на седум годишниот Флин кого го има од претходниот брак со познатиот холивудски актер Орландо Блум.

Таа и Еван официјално ја потврдија врската во јуни 2015 година, а се венчаа на мала приватна церемонија во Калифорнија минатата година.

Во ноември, тие објавија дека го очекуваат првото заедничко дете за што не можеле да бидат посреќни.

 

Објавено:
10 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
813 пати