Мишел Фајфер и Ал Пачино заедно по 35 години

20 април 2018

Поминаа точно 35 години откако Мишел Фајфер и Ал Пачино беа ангажирани за еден од најпознатите филмови во историјата „Scarface“.

Нивните обожаватели имаа можност да ги видат повторно заедно на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, каде свечено беа одбележани 35 години од ултра популарниот филм.

Пачино (77), на фестивалот се појави во темна комбинација составена од панталони и кошула комбинирани со црно палто и бела марама и секако, препознатливите патики.

Секогаш прекрасната Мишел за настанот одбра исто така црна комбинација и високи потпетици во која изгледаше подобро од кога и да е.

Филмот „Scarface“, режиран од Брајан де Палма и напишан од Оливер Стоун е снимен во 1980 – тата година во Мајами и го прикажува ликот на Тони Монтана како кубански имигрант глумен од Ал Пачино.

Извор: Дејли Мејл

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.047 пати