Мишел Фајфер за улогата во Scarface: Плачев секоја вечер!

29 март 2017

Секогаш прекрасната и шармантна холивудска дама Мишел Фајфер и на 58 годишна возраст изгледа фантастично како и пред многу години.

Во интервју за магазинот „Interview“ таа го најавува своето големо враќање во Холивуд со некои одлични филмови со уште подобра актерска екипа.

Интервјуто со актерката го направи познатиот режисер Дарен Аронофски во чиј филм таа треба да се појави оваа есен заедно со Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем.

На самиот почеток на интервјуто таа му вели на режисерот дека не е добар соговорник и дека најчесто едвај чека да завршат интервјуата, но и дека овој пат ќе се потруди бидејќи тој ѝ се допаѓа.

Така и се случува.

Прекрасната актерка говори и за нејзиниот хит филм од 1983 – тата Scarface, за чие снимање ќе каже дека била вистински преплашена.

„Можам да ви кажам дека бев преплашена. Се сеќавам дека снимавме некаде околу шест месеци...Мери Елизабет и јас бевме единствените девојки на сетот. Тоа беше еден вид машки клуб“, вели таа во интервјуто.

Таа додава дека врската помеѓу неа и Тони Монтана (Ал Пачино) постојано била тензична што понекогаш ја доведувало до плачење.

„Јас знам како да преживеам. Тоа е во мојата природа. Можеби не изгледам толку силно, но навистина сум“, вели актерката.

Згодната актерка во интервјуто говори и за тоа дека конечно е подготвена да се врати назад во Холивуд и да продолжи со снимањето на филмови.

„Никогаш не ја загубив љубовта за актерството. Мислам дека имам поголем баланс кога работам. Многу сум внимателна со кого работам и каде работам, бидејќи сакам секогаш да бидам во близина на децата и да поминувам време со нив“, објаснува Фајфер.

Раскажува и дека во последно време многу ги одбирала улогите, така што било невозможно некој да ја најми за филм.

„Сега сум некако повеќе отворена за соработки... Умот ми е послободен и навистина сакам да работам, бидејќи го можам тоа. Последниве неколку години имав навистина интересни можности. Во некои денови, едноставно сакам да им се молам на Боговите на актерите. Кога имам тешка сцена, сакам да се тргнам на страна и да им се помолам и да ги повикам да бидам со мене“, вели Мишел во интервјуто.

Објавено:
29 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.640 пати