Мишел Обама ја носи најстилската тексас јакна за сезонава

3 мај 2018

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама е позната по нејзиниот беспрекорен стил, а тоа го докажа и на традиционалниот College Signing Day во Филаделфија каде се појави во супер комбинација.

На настанот на кој им се оддава чест на средношколците кои заминуваат на факултет или во војска, Обама се појави во стилска кежуал комбинација составена од интересна јакна на Александар Меквин, црни панталони и маичка со логото на настанот.

Како и секогаш, таа одржа интересно предавање на Универзитетот Темпл каде го раскажа нејзиното искуство со факултетот и уште еднаш посочи колку студирањето е важно за сите.

На предавањето каде таа им се обрати на големиот број присутни средношколци, со себе донесе и некои од нејзините познати пријатели како Карли Клос, Зендаја, Бредли Купер и Ребел Вилсон.

„Имам многу голема верба во вас. Јас не сум од оние кои се двоумат. Знам дека имате сè што треба за да успеете. Знам дека и вие сте како мене, а јас како ваша „вечна прва дама“, знам дека и вие ќе успеете“, им рече Обама на присутните средношколци.

Нејзиниот пријател, шармантниот актер Бредли Купер го сподели неговото искуство од годините кога студирал за кои ќе каже дека биле најзабавни и им порача дека иднината зависи од нив самите.

Извор и фото: Vogue.com, Time.com, Herald Dispatch.com

Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
591 пати