Мишел Обама откри дека ќерките ги добила со ин витро

10 ноември 2018

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама неодамна ја објави нејзината нова книга во која искрено говори за нејзиниот брак со Барак Обама и ќерките.

Во книгата, таа открива дека имала абортус и дека и двете ќерки, Малиа и Саша ги добила со ин витро.

Фото: Detroit News

Во интервју за Good Morning America таа говореше дека во сите тие моменти се чувствувала изгубено и осамено, особено откако ѝ се случил абортусот.

„Се чувствував како да се изневерив себеси, бидејќи тогаш не знаев колку спонтаните абортуси се чести поради тоа што никој не зборува за нив“, вели Мишел во интервјуто.

Таа додава и дека е многу лошо што жените молчат за овие ситуации, мислејќи за себеси дека не се доволно добри.

„Многу е важно да се зборува со младите мајки за фактот дека спонтаните абортуси можат да му се случат на секому и дека тие не се виновни за тоа“, додава поранешната прва дама, појаснувајќи дека тоа што жените ја кријат вистината за нивните тела и како тие функционираат е многу лошо.

becomingmichelleobama.com

Во книгата која треба да излезе од печат деновиве, таа говори и за бракот со поранешниот претседател на САД Барак Обама и дека во многу наврати морале силно да се борат за да опстанат.

Таа додава дека често оделе на советувалиште за двојки и тоа многу им помогнало за да почнат да го говорат она што им пречи и за да ги надминат разликите.

Фото: Londonist

„Сакам да им кажам на сите млади двојки кои имаат проблеми дека Мишел и Барак кои имаат феноменален брак и кои се сакаат, постојано работат на тоа. И секако, бараме помош секогаш кога ќе ни затреба“, додава таа.

Извор: BBC

Објавено:
10 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
797 пати