Мишел Обама во провокативно летно издание

2 септември 2017

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, и по заминувањето од Белата куќа и збогувањето со функцијата, сè уште на ист начин го привлекува вниманието на медиумите и јавноста.

Откако минатата недела ѝ помогна на ќерката Малиа да премине на Харвард, Мишел деновиве ужива во убавините на Мајорка.

извор: harpersbazaar.com

Всушност, со Обама се во посета на долгогодишните пријатели, амбасадорот на САД Џејмс Костос и неговиот партнер Мајкл Смит, во чие друштво уживаат во убавините на Шпанија.

Она што го сврте вниманието е стајлингот на Мишел. Со оглед на тоа дека јавноста не е навикната многу да ја гледа во опуштени летни изданија, ова беше вистинско изненадување.

На јахтата на нивните пријатели, Мишел се појави во краток топ на прерамки, комбинирајќи го со макси здолниште со висок струк и длабоки шлицеви од страните.

Изгледот го комплетира со плетена чанта во кружна форма и очила за сонце.

Коментарите се позитивни и во насока на тоа „постои ли нешто што не ѝ стои на оваа жена“.

Се согласувате ли?

Објавено:
2 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.188 пати