Со завршувањето на официјалниот дел на „Оскарите“ за познатите тоа не значи и крај на вечерта. После тоа следи традиционалната забава што ја организира магазинот Vanity Fair.

Дел од ѕвездите го менуваат својот изглед, па на забавата ги гледаме во сосема ново издание. Она што е генерален впечаток е дека модата после „Оскарите“ е многу позабавна отколку на црвениот килим.

Креациите што беа втор избор на познатите, можеби требаа да бидат прв. Тоа мислење го имаме на пример за Лупита Нјонго. 

Посебен впечаток на забавата оставија познатите модели и нивните смели модни избори. Кендал Џенер, Хејли Болдвин, Емили Ратајковски, Елса Хоск, Алесандра Амбросио се само дел од оние што се појавија и ги натераа другите да зборуваат и ден потоа.

На забавата доминираа креации со длабок V-израз и транспарентни материјали. Некои сексапилот го изразија директно (дури и премногу како во случајот на албанската пејачка Блеона Керети), додека некои се одлучија за посуптилен начин како Кејт Бекинсејл или Ема Вотсон.

Меѓу оние што не беа на црвениот килим, а ги видовме на забавата се Софија Вергара, Оливија Вајлд, Оливија Мун, Хајди Клум, Парис Џексон и други.

Модата од забавата можете да ја погледнете во галеријата на почетокот на текстот, додека фотографиите од атмосферата следат во продолжение:

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.964 пати