Моден времеплов низ Кански филмски фестивал

10 мај 2014

Софија Лорен Софија Лорен

Еден од најважните филмски настани – 67 – мото издание на Фестивалот во Кан ќе започне во среда и ќе трае од 14 до 25 мај. Ѕвездениот старт на фестивалското големо отворање ќе биде со филмот „Принцезата од Монако“, каде Никол Кидман ја игра улогата на преубавата принцеза Грејс Кели, која што трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Урсула Андрес Урсула Андрес

Првата Канска филмска манифестација е одржана во далечната 1946 година и до ден денес важи за една од најпрестижните филмски манифестации. Ретроспективно низ годините на црвениот килим продефилираа голем број на ѕвезди и познати личности не само од филмската индустрија, туку и до музичката, модната индустрија и бизнис елитата.

Принцезата Грејс Кели Принцезата Грејс Кели

Гламурот, луксузот и раскошот се главните синоними со кој што се одликуваат креациите што ги носеле дел од најголемите филмски диви. Оваа година се очекува фестивалот да ги надмине своите очекувања и да понуди вистинска стилска плејада на фустани кои што грациозно ќе се лелеават на црвениот килим пркосејќи му на францускиот шарм. Погледнете дел од највпечатливите дизајни, моменти и славни личности кои што низ годините биле дел од филмската бајка наречена Кан.

Објавено:
10 мај 2014
Категорија: 
Сцена