Модна инспирација: Стилските изданија на Алекса Чанг низ 2017

6 декември 2017

Иако за себе ќе каже дека директно никогаш не претендирала да биде влијателен фактор во модниот свет и нејзиниот прв контакт со модата го препишува индиректно на нејзината примарна професија, сепак неизбежен е фактот дека Алекса Чанг е една од најпопуларните современи стилски икони.



Годинава што изминува, забележавме бројни нејзини стилски појавувања што оставија силен печат во уличната мода и воопшто во актуелните модни тенденции.

Таа храбро прави исчекор од стандардите, експериментира со личниот стил и секогаш е авангардна во својот избор.

Ангажирана е на различни нивоа во модниот свет, како модел, соработничка на Вог, телевизиска водителка, блогерка со сопствена модна линија, а сетот тоа дополнително и ги отвора можностите за значаен импакт во модната индустрија.

Во галеријата во продолжение правиме ретроспектива на нејзините највпечатливи стилски изгледи во 2017 година.

Фото извор: Инстаграм, glamourmagazine.co.uk

Објавено:
6 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
307 пати