Модна сликовница од првите редови во Милано

23 февруари 2014

Италијаните се познати како убав народ кој секогаш знае да воодушеви со изгледот, како во однос на креациите, така и во однос на негата на кожата и косата. Можеби токму затоа целата магија на модните настани може да се почувствува во Милано, а најмногу од првите редови на ревиите.

Leigh Lezark на Гучи Leigh Lezark на Гучи

Роус Брн и Стефано Тончи на Макс Мара Роус Брн и Стефано Тончи на Макс Мара

Бидејќи познатите личности се важен сегмент од промоцијата на одреден моден бренд, ние ќе ви презентираме сублимат од ѕвездите кои ги красеа нивните ревии и модни перформанси.  Мишел Родригез и Leigh Lezark  дојдоа да го подржат својот пријател Лагерфелд на ревијата на Фенди, а подоцна диџејката ја проследи и ревијата на Гучи. Роус Брн и уредникот на магазинот W, Стефано Тончи седеаа на првиот ред на ревијата на Макс Мара, Оливија Палермо беше на ревијата на Елизабета Франчи, а Кети Пери и Рита Ора ја збогатија ревијата на Москино и тоа директно од модните писти.

Рита Ора на Москино Рита Ора на Москино

Кејти Пери на Москино Кејти Пери на Москино

Leigh Lezark и Карл Лагерфелд на ревијата на Фенди Leigh Lezark и Карл Лагерфелд на ревијата на Фенди

МишелРодригез на Фенди МишелРодригез на Фенди

Оливија Палермо и Елизабета Франчи пред почетокот на ревијата на дизајнерката Оливија Палермо и Елизабета Франчи пред почетокот на ревијата на дизајнерката

 

Објавено:
23 февруари 2014
Категорија: 
Сцена