Модната елита се собра во Лондон на доделувањето на британските модни награди

5 декември 2017

Вчеравечер во Лондон беа доделени престижните Британски модни награди (British fashion awards), настан што важи за еден од најетаблираните во модниот свет.

Елитата на модната индустрија традиционално се собра во лондонскиот „Royal Albert Hall", каде им беа доделени признанијата на најуспешните за 2017 година.

Кристофер Бејли го доби признанието за најголем придонес на британската модна сцена, дизајнерот Крег Грин беше прогласен за најдобар креатор на машка облека, додека Џонатан Андерсон за JW Anderson за најдобар креатор на женска облека.

За дизајнер на годината беше прогласен Раф Симонс, а Донатела Версаче беше почестена со титулата Стилска икона.

Комплетната листа на добитници може да ја погледнете на овој линк.

Од настан од ваков калибар, секогаш се очекува најдоброто на црвениот килим. Затоа и целото внимание на јавноста беше насочено на црвената патека која води до „Royal Albert Hall", каде продефилираа голем дел од најзначајните и најактуелните имиња во модната индустрија.

Стела Мекартни, Наоми Кембел, Зендаја, Селена Гомез, Каја Гербер, Алекса Чанг, Попи Делевињ беа меѓу оние кои имаа највпечатливо појавување.

Погледнете ги сите гости во галеријата во продложение.

Фото извор: vogue.co.uk, Getty images

 

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.167 пати