Модната трансформација на сопругата на Ципрас

12 септември 2017

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, неодамна беа во посета на Грција, каде што се сретнаа и со актуелниот премиер, Алексис Ципрас и неговата сопруга Перистера Бациана, или попозната како „црвената Бети“, поради политичките убедувања.

Сепак, она што овој пат го сврте вниманието на јавноста, барем онаа што се занимава со изгледот на јавните личности, беше модната трансформација на госпоѓата Ципрас.

На средбата на Макрон, таа првин се појави во едноставен бел фустан, што одлично ѝ прилега, додека на вечерата беше вистинска божица во црна, асиметрична тоалета.

Но, шокот нема да е толку голем доколку не ги видите нејзините претходни изданија.

Имено, јавна тајна е дека „црвената Бети“ не е љубител на шопингот и дотерувањето, дури не ужива и во одењето на фризер.

Дел од медиумите во минатото ја нарекувале и „грдата Бети“ поради лошите модни комбинации. Исто така, ја нарекуваат и единствената дама, сопруга на премиер што „не носи Прада“.

Дали критиките допреле или пак, сè поголемата ангажираност на првите дами да изгледаат што подобро, во последната година е забележан голем напредок во нејзиниот изглед, што може да се види и од фотографиите.

Инаку, Перистера има 42 години, со Ципрас се повеќе од 20 години заедно, а имаат и две деца. Тамошните медиуми ја карактеризираат како силна и стабилна жена, која постојано го поддржува сопругот и дека токму неа ѝ го должи сиот успех. Ќе ја наречат и „премиер во сенка“ поради силното влијание што го има.

Не го сака јавното внимание, ретко се појавува во јавност. Инаку, двојката се знае уште од факултетските денови, бидејќи и двајцата се запишале на Електротехнички фактултет, нешто што Перистера, која потекнува од скромно семејство и денес го работи.

Токму таа била виновникот што Ципрас станал дел од комунистичката партија во Грција, пренесува „Дејли мејл“.

фото извор: dailymail.co.uk; express.co.uk; msn.com; parismatch.com; lifo.gr; missbloom.gr; mononews.gr; yupiii.gr; protagon.gr; thetoc.gr; 

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.489 пати