Модни совети на Ана Винтур

28 јуни 2013

- Личниот стил е нешто што одамна веќе не е важно, па повеќето жени се угледуваат на некоја друга, а модниот пример го сфаќаат сериозно, како копирање, поради што доаѓа до катастрофални грешки во облекувањето, вели Винтур.

1.Елеганција, секогаш и секаде. Што и да носите, мора да го носите со елеганција, односно, мора да умеете да го носите. Елеганцијата не ја прави тоа што сте го облекле, туку Вие. Ако не умеете да го носите тоа што сте го облекле и најскапиот фустан може да изгледа евтино.

Облекувајте се во склад со годините. Како вели Ана, кога ќе ја преминете 40-тата, морате да водите сметка за своите години, не смеете да правите модни излети, кои не се соодветни на вашите години. Така само ќе предизвикате потсмец. Но, исто така, не смеете да се претворите во жена која модата не ја интересира. Пратете ги модните трендови, но прилагодете ги на себе.

Повремено освежете ја облеката и менувајте го начинот на облекување. Ако претпочитате да носите фустани, од време-на време облечете панталони. Така ќе ја избегнете можноста луѓето да помислат дека секогаш носите иста облека. Ако сакате класика, тогаш изгледот освежете го со модни детали во тренд. Вашата основна облека е база, модните детали се тие што ве прават нови, а вашито личен стил препознатливи.

Модните трендови постојано се менуваат, на жените им се наметнува да ги следат, но советот на Ана Винтур е да не подлегнувате на модните трендови. Не е сѐ за вас, нема сѐ да ви стои добро. Морате трендот да го прилагодите на себе, а не обратно. Секгоаш изгледајте како да го почитувате местото каде што се наоѓате и знајте каде се наоѓате. Направете разлика помеѓу канцеларија и ресторан.

Бидете секогаш уредни, со чиста коса, уредна облека, нашминкани зависно од делот на денот и пригодата. Ана секој ден станува рано за да може да се подгтови за денот што ја чека. Колку и да е напорен, таа смета дека тоа не смее да се забележи на жената,

Изградете својот стил. Може да имате моден пример, но немојте да бидете имитација. Морате да имате свои модни правила. Инспирирајте се од други, но морате да имате и свој личен стил.

Неопходниот моден детаљ што секоја жена секогаш мора да го има во чантата се очилата за сонце. Според Ана, тие се додаток што може да го смени севкупниот изглед за миг, да ги сокрие трагите од уморот. Затоа, никаде не одете без нив.

Експериментирајте! Но, со мерка. Останете верни на својот стил. Можете да експериментирате со кроевите, стиловите, трендовите, но во сѐ мора да се препознае вашиот личен стил. Не дозволувајте си да изгледате како сосема нова личност. Луѓето ќе помислат дека навистина сакате да бидете некој друг. Останете верни на себе.

Најважниот совет. Водете сметка за своето однесување! Бидете женствени што и да сте облекле, без разлика дали се работи за најелегантиот фустан или искинат џинс и маица.

Вие ја носите облеката – не таа вас!

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Сцена