Модниот „криминал“ на 2014 година

22 декември 2014

Како годината се приближува кон својот крај, така се прават и последните селекции за тоа кој бил најуспешен, најпопуларен, најактуелен во одредена област. Таквите статистики и листи се на посебен начин акцентирани во светот на модата. За среќа или за жал се објавуваат и листи на сите оние кои се условно кажано „престапници“ и кои сакајќи да се покажат себе си во најдобро светло направиле сериозен моден „криминал“ во однос на комбинирањето парчиња облека.

Кејти Прајс Кејти Прајс

Според модните критичари на магазинот telegraf.co.uk, првото место за најлоша стилска комбинација и е доделено на Рита Ора. Според обработените податоци и објавите од страна на скоро сите медиуми не станува збор за само едно или две модни промашувања, туку за многу повеќе. Уредниците и советуваат да си најде нов стилист за 2015 година.

Рита Ора Рита Ора

Британскиот модел и актерка Лили Кол, позната по својата црвена коса има навистина многу чуден начин на облекување. Модните експерти беа децидни и строги во своите објави дека Лили мора да ангажира свој личен стилист кој ќе и објасни дека мешањето принтови треба да биде умерено.

Лили Кол Лили Кол

На третото место се најде модниот камелеон, пејачката Лејди Гага која секогаш каде и да се појави привлекува внимание заради храброста да носи и комбинира интересни модели и кроеви на креации.

Лејди Гага Лејди Гага

Сосема оправдано, четвртата позиција за најлошо облечена жена на 2014 година и беше доделена на Италијанката со британско потекло, Ненси Дел Олио. Адвокатката која стана популарна како девојка на Свен Горан Ериксон, менаџер на Англискиот национален фудбалски тим, има навистина невкусен стил кој комплетно не соодветствува на жена од таков ранг.

Ненси Дел Олио Ненси Дел Олио

Старлетата која или ја сакате или ја мразите, Ким Кардашијан имаше промашени комбинации. Ѕвездата во шоуто „Keeping with the Kardashians“, знае навистина да изненади со интересни стајлинзи, но  често знае и да погреши во изборот и да прикаже погрешна варијанта на самата себе.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

На „црната“ модна листа се најдоа и имињата  Ел Гудинг, Амбер Роуз, Кристен Стујарт и многу други кои можете да ги погледнете во продолжение.

 

Објавено:
22 декември 2014
Категорија: 
Сцена