Модниот вкус на британската премиерка

12 јули 2016

Тереса Меј е името на новата премиерка на Британија. По изгласувањето за „Брегзит“ и оставката на Дејвид Камерон, оваа 59-годишна дама ќе се грижи за иднината на државата.

И ако поради годините очекувавте досадна, возрасна жена, стилот на Меј може да ве изненади. Како коментираат дел од медиумите, таа потсетува на некој што воопшто не се грижи што луѓето мислат за тоа како изгледа и што носи.

Нејзината противничка Адреа Лидсом изјави дека таа би била подобар премиер бидејќи е мајка, и со тоа зададе низок удар на Тереса Меј, која подоцна изјави дека таа не можела да има деца и како се надева дека „тоа никому нема да му биде важно“. На Адреа ваквиот пристап не ѝ донесе поени.

Но, вистинското прашање, во модна смисла, меѓу британските медиуми беше кој ќе биде тој што ќе ги замени чевлите на Дејвид Камерон за нешто уште помодерно?

Тереса Меј и Дејвид Камерон

Тереса Меј е победникот. Нејзиниот на моменти прилично ексцентричен стил, особено за обувки, нема на сите да им се допадне, но по сѐ изгледа таа не планира да се менува.

Во „Мирор“ нејзиниот гардеробер го опишуваат како „море од сиви и морнарско сини костими“, кога се работи за јавните настапи во последниот период.

Сепак, и покрај тоа што некои ќе речат дека жените во политиката не треба да бидат оценувани според тоа што го носат, од „Мирор“ сметат дека е навистина освежувачко да се види една дама која се забавува со облеката.

Затоа, можеби ќе се изненадите кога ќе видите дека носи високи, лакирани чизми при дочекувањето и поздравувањето на кралицата Елизабета.

Модните критичари се надеваат дека е свесна за реакциите што ги предизвикува пред сѐ со нејзиниот тренди избор на обувки.  Исто така, Вивиен Вествуд е една од нејзините омилени дизајнери, па карираните одела се нешто што Тереса Меј обожува да носи, особено ако се во повеќе бои, а нивната цена се движи преку 800 фунти.

Во нејзината колекција обувки посебно место имаат и плетените и оние со животински принт.

И додека за некои ова е покажување став и личност, со што во голема мера зависи и тоа како пошироката јавност ќе ве перцепира и вас и политичката порака што сакате да ја пренесете, за други е и премногу смело појавување што на моменти зрачи со моден невкус и несериозност.

Од друга страна пак, голем дел од Британците се изјаснија дека сакаат следниот премиер да покаже самодоверба, но не и тиранство или заповедништво. Потоа, да биде атрактивен, но и скромен, паметен, но и чувствителен, со стил но не и несериозен, со посебна назнака дека не сакаат идниот премиер да троши 600 долари на косата како што тоа го прави Хилари Клинтон.

И според резултатите тоа е Тереса Меј.

Во продолжение погледнете дел од нејзините модни избори и одлучете кој е во право:

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.491 пати