Модните изгледи на доделувањето на CFDA наградите

3 јуни 2014

Традиционално како и секоја година во Линколн центарот во градот кој живее 24 часа од денот,  се одржа долгоочекуваната манифестација на доделување награди за сите оние кои напорно работеа цела година во своите дизајнерски студија и сосема заслужија нивниот труд да биде вреднуван. Ако филмскиот свет ги има Оскарите и Златните Глобуси, тогаш модниот свет го Советот на модни дизајнери на Америка кој синоќа ги додели наградите за најуспешните во модната индустрија. Освен имиња од модните сфери, меѓу присутните забележавме и многу други познати холивудски имиња како Ријана, Лупита Нјонго, Блејк Лавли, Мајкл Корс и други.

Блејк Лавли и Мајкл Корс Блејк Лавли и Мајкл Корс

Оваа година домаќин на шоуто беше режисерот и сценарист Џон Вотерс кој навистина им приреди вистинска забава на гостите.

Се чини дека „главната озборувачка“, актерката Блејк Лавли сака постојано да се шета по црвениот килим, па периодов не пропушта ниту едно ѕвездено дружење. Така беше и вчера вечер. Имено, таа пристигна заедно со дизајнерот Мајкл Корс облечена во краток коктел фустан во златна боја, дело на дизајнерот. Златните детали и апликации во комбинација со нејзината руса коса направија таа буквално да блесне со многу шарм и убавина.

Лупита Нјонго Лупита Нјонго

Ако постои личност во меѓу ѕвездите која секогаш има одлични комбинации и може да се пофали со ниту едн модно промашување, тоа е младата црномуреста актерка Лупита Нјонго. Миленичката на Бред Пит се најде и во улога на презентер, а беше облечена во колоритен краток топ споен со 3/4 панталони во истиот принт и црвени потпетици.

Ријана Ријана

Ако Нјонго и Лавли пленеа со своите изгледи, пејачката Ријана шокираше. Таа на манифестацијата се појави во неверојатно провокативно издание. Креацијата на Адам Селман е долга транспарентна тоалета во пастелно розова боја.

Меѓу посилниот пол од гостите беше и дизајнерот Том Форд кој ја зема и наградата за животно дело, тој изгледаше беспрекорно во очекувана елегантна минималистичка варијанта од  црн смокинг. Во продолжение погледнете ги модните изгледи и откријте ни кој е вашиот фаворит.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Сцена