Модно жири: Како познатите се облекоа за хуманитарна забава

19 октомври 2013

Во текот на оваа недела се одржаа два големи хуманитарни настани, односно забави, кои ги собраа најпознатите личности не само од шоу-бизнисот, туку и од модата.

Седмите по ред награди за хуманитарен придонес „Golden Hearts“ , повторно ги собра најелитните имиња од модниот, филмскиот и општествениот шоу бизнис на Менхетен, а во четвртокот вечерта на отворањето на центарот за уметност на Волис Аненберг во Беверли Хилс гламурот исто така не изостана.

А еве го модниот избор на дел од присутните на забавите.

Иман со Мајкл Корс

Проверено добра комбинација на Иман, која се уште има перфектна линија. Коктел фустано со црн корсет во горниот дел и здолниште со тантела во долниот дел, како и палто во истата комбинација е вистински избор за оваа пригода. Должината на фустанот е исто така примерна, пoд колена, како и изборот на чевли. Иман изгледа одлично.

Мирослава Дума

Мирослава Дума има секогаш интерсни комбинации, но се чини дека за оваа пригода е премногу едноставна, па може да се каже и неприкладна за настанот. Блузата чии ракава се предолги и притоа истегнати во нејзините раце и коженото мини здолниште во истата нијанса, не го прават нејзиниот избор впечатлив во позитивна смисла. Изборот на чевли е интересен, па можеби и складен со облеченото, но не со пригодата. Мирослава сме ја виделе во многу подобри изданија.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Шарлиз Терон е беспрекорна како и секогаш. Црната долга тоалета, со апликациите во златна боја во горниот дел од фустанот и клач чантата го прават изгледот комплетен, гламурозен и соодветен за настанот. Дискретната шминка и едноставната фирузра даваат уште поголем акцент на фустанот, а воедно ја истакнуваат женственоста на актерката.

Никол Ричи Никол Ричи

Никол изгледа убаво во долгата цветна тоалета, во комбинација со сребрени чеви. Убаво и прилега на фигурата, како и исончаниот тен, но сепак транспарентноста и дезенот на материјалот, како и  прават да добиеме впечаток дека Никол се наоѓа на некоја летна забава, а не хуманитарна во крајот на октомври. Да бил изборот на материјал поинаков, изборот на дизајнерката би бил уште подобар и повпечатлив.

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Сцена