Моќен и емотивен говор на Пинк: Ние не се менуваме, туку ги инспирираме и другите

29 август 2017

Емотивниот и инспиративен говор на поп ѕвездата Пинк по примањето на престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award", се издвои како централен момент на последните MTV Video Music Awards 2017.

Фото извор: Just Jared

Искреноста со која таа од говорницата ѝ се обрати на својата ќерка која беше во публиката, носи суштинска порака во која ќе се пронајдат милиони луѓе ширум светот, а моќната поента е дека во овој свет на копии, бесценето е да се остане свој.

„Неодамна, ја возев ќерка ми кон училиште и таа му кажа: Мамо, јас сум најгрдото девојче во училиште, изгледам како момче со долга коса. Се запрашав: Боже, ти имаш само 6 години, од каде доаѓа ова, кој го рече тоа...", беше увертирата во нејзиниот говор.

Фото извор: In Style

„Но, не реков ништо. Наместо тоа, отидов дома и ѝ направив Power Point презентација во која ставив фотографии од андрогени рок ѕвезди и артисти, кои веројатно биле исмејувани во нивните животи, но продолжувале по својот пат и го вееле своето знаме и нѐ инспирираат сите нас. Мајкл Џексон, Џенис Џоплин, Дејвид Боуви, Фреди Меркјури, Ени Ленокс, Принс, Џорџ Мајк, Елтон Џон, толку многу артисти. Тогаш очите ѝ засветкаа, но ѝ реков дека навистина сакам да знам зошто се чувствува вака за себе? Реков: што мислиш како изгледам јас? Луѓето ме исмејувале, ги користеле тие зборови дека изгледам како машко, дека сум многу мускулеста, дека телото ми е мажествено... И ѝ реков: Дали и покрај тоа ја растам косата? Дали го менувам своето тело? Дали го менувам начинот на кој се претставувам пред светот? На што таа ми одговори: Не мамо. А дали продавам полни арени низ цел свет? Ми одговори: Да мамо! Па мало девојче, ние не се менуваме, го земаме чакалот и школката и правиме бисер и им помагаме на другите луѓе да можат да ги видат различните форми на убавината... Ти мило девојче си убава и те сакам!" го заврши својот говор Пинк по што предизвика овации кај публиката.

Фото извор: Us Weekly

Целиот говор погледнете го во видеото во продолжение.

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.642 пати
Тагови: 
Пинк сцена VMA говор