Моќен изглед на жените на настанот Power of women

6 октомври 2013

Овој петок, по петти пат се одржа традиционалниот Power of women настан, на кој свои инспиративни говори имаа некои од највлијателните жени на денешницата.

На традиционалниот ручек беа присутни многу познати актерки и истакнати жени од општеството, секоја убава на свој начин.

На самиот настан признанија добија голем број на актерки меѓу кои и Никол Кидман, Кери Вашингтон, Шарлиз Терон, Елизабет Бенкс, Џенифер Хадсон како и Ејми Пулер.

Низ солзи, актерката Шарлиз Терон се заблагодари за признанието заблагодарувајќи и се на нејзината мајка за советите што ги добила низ животот, што и помогнале да стане силна и моќна жена.

Она што секако не недостасуваше на настанот, беа неверојатните модни комбинации кои ги направија овие моќни жени. Најголем впечаток како да остави прекрасната Џесика Алба која на настанот ја промовираше својата книга и работа, а таа вечер се одлучи за кожен фустан до колена со интересен дезен.

Прекрасна беше и Никол Кидман со интересен црн фустан со златен ремен на половината во друштво на Шарлиз Терон која изгледаше прекрасно во бело.

Во продолжение, во галеријата погледнете ги фотографиите од настанот и со што овојпат не изненадија прекрасните дами.

Објавено:
6 октомври 2013
Категорија: 
Сцена