Моника Белучи во фустан што ги истакнува облините

2 февруари 2018

На актерката Моника Белучи вчера во Лос Анџелес, во рамки на фестивалот „Filming on Italy“ ѝ беше доделено посебно признание и награда од италијанскиот институт за култура.

По тој повод, 53-годишната актерка одбра црна тоалета со потпис на модното дуо Долче и Габана. Се работи за креација во сирена крој, со транспарентни ракави и набори по површината на целиот фустан, кој ги истакнува облините. 

На тоа додаде дискретен златен ѓердан и златна клач чанта. Фризурата е едноставна и брановидна.

Дека изгледа совршено за својата возраст во тоа нема сомнение, но сепак мора да се признае дека нејзиниот стил понекогаш знае да биде едноличен и досаден, односно црните комбинации се често нејзин сигурен избор. 

Во црно беше и на изминатата недела на Висока мода во Париз.

Инаку, во една пригода ќе каже дека за својата фигура заслужен е пилатесот.

„Вежбам пилатес и пливам, но не се будам во шест за да одам во теретана. Не е важно колку години имате, сè е во главата.Телото старее, но не и духот. Некој може да биде стар и со 20 години“, вели убавата Италијанка.

 фото извор: dailymail.co.uk;

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.208 пати