Можете ли да замислите да носите само една боја?

27 октомври 2014

На девојката со име Иваниа Карпио и тоа како и успева. Кога би морале да изберете една боја во која ќе живеете до крајот на животот, која би била таа? Веруваме дека на ова прашање е тешко да се одговори, бидејќи од големиот спектар тешко е да се ограничите. За блогерката Карпио која живее во Холандија, тоа е доста едноставно и таа лесно може да се прилагоди на сопствените правила. Иваниа е основач на блогот „Love Asthetics“, кој зрачи во интеренет етерот веќе шест години, а она што е најспецифично на истиот е нејзиниот специфичен естетски израз. Минимализмот е нејзиниот заштитен знак, белата боја и е омилена со по некоја сива нијанса. Како што вели самата, отсекогаш гаи аверзија кон скапите парчиња, a од блогот тоа јасно го кристализира.

Нејзиниот гардеробер содржи најмногу бели парчиња како: маички, пуловери, кратки шорцеви и впечатлив накит. Таа бескомпромисно се држи до својата естетика. Интригантната блогерка е на пат да го реализира својот голем сон, а тоа е да биде уредник на моден магазин. Во меѓувреме  оствари и соработки со познати брендови, а освен минималистичкиот стил што го негува, во нејзиниот случај е сè само не досаден. Освен инспиративните и монохроматски стајлинзи, таа објавува и интересни рецепти што може да се изведат самостојно.

За јасно да го дефинира својот став кон трендовската облека, Иваниа го прифати предизвикот од кој за време на триесет дена носеше само еден бел фустан. Секоја комбинација изгледа комплетно поинаку. Можеби почнавте да размислувате како почесто да носите бело?

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Сцена