MTV EMA 2017: Од бизарен изглед на црвениот килим до маестрално шоу на сцена

13 ноември 2017

Вчеравечер во Лондон се одржаа 24-те по ред Европски музички награди MTV EMA 2017, што воедно беше и централниот настан во музичката индустрија што на едно место ги собра најпопуларните имиња во овој шоу бизнис.

Домаќинка на настанот беше поп пејачката Рита Ора, за која се коментираше од една до друга крајност: од нејзиниот за многумина бизарен изглед на црвениот килим каде се појави во бањарка, до тоа како перфектно одговорила на предизвикот да се биде водител на шоу од ваков калибар.

Иако Тејлор Свифт беше номинирана во најмногу (шест) категории, сепак ѕвезда на вечерта беше младиот канадски пејач Шон Мендес кој освои четири од петте категории во кои беше номиниран (изведувач со најголем број фанови, најдобра песна за „There's Nothing Holding Me Back", најдобар пејач и најдобра канадска изведба).

Меѓу наградените беа и: Еминем за најдобар хип-хоп изведувач, Дуа Липаза откритие на годината, Ед Ширан за најдобар изведувач во живо, Камила Кабело за најдобар поп изведувач.

Комплетната листа на номинирани и победници може да ја погледнете на овој линк.

Црвениот килим пак без посебен стилски идентитет. Вниманието беше насочено на бизарните стајлинзи, во недостаток на впечатливи и моќни аутфити што не би останале во сенка на бледите и веќе видени изданија.

Фото извор: mirror.co.uk, aol.com

 

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.344 пати