На „Бродвеј“ ќе се постави мјузикл посветен на животот на Шер

8 јуни 2017

За сите фанови на живата музичка легенда, Шер, една убава вест: следната година на сцената на театарот „Бродвеј", ќе се постави мјузикл што ќе биде посветен на клучните моменти од нејзиниот живот.

Оваа информација ја потврди и самата Шер која на својот профил на Твитер напиша:

-„Cher: The Musical", на сцената на „Бродвеј" стигнува следната година!

Фото: Billboard

Иако веќе не е многу активна во својата професионална сфера, Шер во историјата на шоу бизнисот се запиша како една од најавангардните музички и филмски ѕвезди за чиј талент зборуваат бројни освоени награди како Тони, Еми и Оскар, но исто така таа стана препознатлива и по нејзиниот имиџ што секогаш ја позиционира во центарот на вниманието.

Според нејзините зборови, публиката може да очекува раскошна продукција со голем број на актери, пејачи и танчари на сцената.

Мјузиклот во својата приказна ќе ги опфати најзначајните настани во нејзиниот живот, од детството, па преку тинејџерските години и нејзините први обиди во музичката кариера, па се до најблескавите моменти во кариерата.

Како режисер ќе се потпише Џејсон Мур, познат по мјузиклот „Ptich Perfect", додека улогата на Шер во различни периоди од нејзиниот живот, би требало да ја толкуваат: Џилијан Милер, Лена Хол и Лесли Маргерита.

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
170 пати