Најдобро облечените дами за оваа недела

3 февруари 2018

Секој ден во светот на шоу-бизнисот е модно шоу. Постојано некаде има по некоја настан, манифестација, гостување каде имаме можност да ги видиме познатите личности во различни изданија.

Во продолжение ќе погледнете 10 дами (иако несомнено може да бидат и повеќе) кои модно блеснаа во изминативе седум дена: 

 

Анџелина Џоли во Париз ги освои сте симпатии на модните стручњаци. На конкретнава фотографија носи фустан на Ролан Муре.

 

Аризона Мјуз на настанот „E By Equinox Launch“ во Лондон се појави во карирана палто-пелерина, во комбинација со црна плисирана блуза и црно здолниште до колена, а стајлингот го заокружи со клач чанта и светли обувки.

 

Бела Хадид во Њујорк ги сврте погледите со едно од најпосакуваните парчиња сезонава - кариран пвц мантил со потпис на „Барбери“.

 

Кери Вашингтон во креација на Зухаир Мурад.

 

Алекса Чанг на настан во Лондон поврзан со прославувањето на кинеската нова година се појави во креација на Симон Роша.

 

Кејти Холмс на „Греми“ наградите блесна во креација на Зак Посен.

 

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа заедно на „Endeavor Fund Awards“ во Лондон, а актерката за таа пригода одлучи да носи костим со потпис на „Александар Меквин“.

 

Рита Ора приреди модно шоу во Њујорк. Таа носи (црната креација лево е од брендот A.W.A.K.E.)

 

Зое Салдана на премиерата на филмот „The Legend of Red Hand“ се појави во впечатлива и секси креација на „Алберта Ферети“.

 

Лаура Бејли на настанот „E By Equinox Launch“ се појави во долго карирано палто и широк џинс и на тој начин ги спои едни од двата најголеми актуелни тренда.

Објавено:
3 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.321 пати