Најдобро облечените девојки на Elle Style Awards

6 ноември 2015

Во прекрасниот амбиент на луксузната уметничка галерија Лауба во Загреб, вчеравечер се одржаа Elle Style Awards 2015, кога беше прославен и 13 – тиот роденден на хрватското издание на магазинот Elle.

Сосема очекувано, на доделувањето на наградите, хрватските девојки се појавија во супер стилски изданија во кои најмногу преовладуваше црната боја.

Како и секаде низ светот, така и во Хрватска, девојките полудеа по новата колекција на Balman x H & M, па така можевме да видиме неколку во нивните парчиња.

Најголем впечаток остави хрватската дива Северина која овој пат одбра златно – црна креација од брендот и ја комбинираше со ултра високи црни чизми.

Голем број од хрватските ѕвезди одбраа домашни дизајнери за овој повод, па така можевме да видиме и парчиња од eNVy Room, Роберт Север, но и дел од парчињата од колекцијата на Buro 24/7.

Оваа манифестација за прв пат се одржа во Велика Британија во 1997 година, а денеска се одржува низ 20 земји во светот, меѓу кои и Хрватска.

Таму, наградите се доделуваат од 2012 – тата година во 10 категории, од кои во осум, наградите ги доделува магазинот Elle, а во другите две, магазинот Elle Decoration.

Објавено:
6 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.962 пати