Очите на јавноста вчеравечер беа вперени во Лос Анџелес каде се одржа најновото издание на музичките награди „Билборд“.

Сијара

Домаќин на настанот беше прекрасната Сијара, која за оваа пригода се појави дури во седум различни комбинации. Во сребрена и исклучително смела тоалета се појави на црвениот килим, а и подоцна на сцената, сексапилот зрачеше од секој нејзин моден избор.

На сцената се појавија дел од најпознатите ѕвезди како групата DNCE, со хитот “Cake by the Ocean”, кои направија вистинска забава со музичари, кофети и балони.

Тинејџерките уживаа во настапот на Џастин Бибер, а се појави и некогашната омилена тинејџ ѕвезда – Бритни Спирс, која изведе микс од неколку нејзини најпознати нумери.

Музичката забава продолжи со Пинк, Ријана, Кеша. Посебно внимание привлекоа настапите на Селин Дион, која ја изведе песната од „Квин“, „The show must gone on“, како и на Мадона и Стиви Вондер, чиј настап беше посветен на неодамна починатиот Принц.

Облечена како музичарот, Мадона ја отпеја „Purple rain“, а присутните имаа можност да ја слушнат и изведбата на „Nothing compares to you“.

Кога се наградите во прашање, оваа вечер беше најблескава за The Weeknd и Адел. Ар-ен-би пејачот освои вкупно 8 наради, додека Адел може да се пофали со пет. Таа ја искажа својата благодарност преку порака, а истата вечер присутните можеа да го погледнеат и нејзиниот нов спот.

Целата листа на добитници можете да ја погледнете тука.

Кога е модата во прашање, Бритни Спирс го привлече вниманието со убедливо најлошата креација вечерта. Ријана се одлучи за ретро издание, кое не нè воодушеви многу.

Џесика Алба од друга страна пак, повторно направи добар избор со креација на Зухаир Мурад, како и Мила Кунис на која одлично ѝ прилегаше кусото сребрено фустанче, повторно од истиот дизајнер.

Мила Кунис

Како изгледаа останатите ѕвезди на црвениот килим, погледнете во галеријата погоре.А дел од настапите во галеријата во продолжение:

Објавено:
23 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
603 пати