Сезоната на филмски награди започна, а меѓу првите во низата е манифестацијата Critics Choice Awards, награди што ги одредува филмската и телевизиската критика.

Во меѓувреме е објавена и листата на номинирани за „Златен глобус“, па веќе може да се одреди кој сè ќе се најде во трката за најпрестижниот „Оскар“.

Рајан Гослинг и Ема Стоун главните ѕвезди на La La Land

„La La Land“ и „Moonlight“ се дефинитивно едни од нив. Тие го одбележаа ова 22-ро издание на годишните награди, „La La Land“ е победник во категориите за најдобар филм, најдобар мјузикл, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио (наградата ја дели со Manchester by the Sea), најдобра кинематографија... Од друа страна „Moonlight“ е остварувањето со најдобра актерска екипа, како и актер во главна машка улога (Махершала Али).

екипата на Moonlight

Кога се телевизиските серии во прашање, „Game of Thrones“ и „Silicon Valley“ беа добитниците во категориите за најдобра драма и комедија, но The People v. O.J. Simpson: American Crime Story е серијата со најмногу номинации и доминација во актерските категории.

Наградите пак, за најдобра шминка, фризура и костим отидоа за филмот „Jackie“, а Натали Портман е најдобрата актерка во главна женска улога.

Натали Портман

Победниците во сите категории можете да ги видите на линкот ОВДЕ.

Кога е модата во прашање, црвениот килим беше интересен.

Црната боја дефинитивно доминира, како и креациите со откриени раменици. Посебно се зборуваше за фустанот на Никол Кидман, кој зрачи со провокативност, со потпис на дизајнерот Брендон Максвел. Ништо помалку не се впечатливи ниту оние во комбинација со транспарентни материјали, а токму во такви можевме да ја видиме и Кери Вашингтон (Ели Сааб), или Наоми Харис (Стела Мекартни), Мишел Монахан (Моник Лулие).

Никол Кидман

Мишел Монахам

На ова издание видовме и по некоја готска комбинација, како и креации со флорален принт, што совршено прилегаат и на зимскиот црвен килим. Токму за таков избор се одлучија Хејли Стајнфелд и Констанс Ву.

Хејли Стајнфелд

Натали Портман ја продолжи сезоната на интересни модни комбинации, сè уште задржувајќи ја титулата од медиумите за најдобро облечена трудница. Нејзиниот избор овој пат беше фустан со необичен принт од модната куќа „Александар Меквин“.

Натали Портман

Вниманието го привлече и Еван Рејчел Вуд, која се одлучи за трендовско женско одело.

Во галеријата погоре погледнете како изгледаа и останатите ѕвезди на годинашното издание на престижната манифестација.

Објавено:
13 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
510 пати