Во Лос Анџелес вчеравечер се одржа уште една гламурозна манифестација, во низата предоскаровски. Се работи за САГ наградите (Screen Actors Guild), а наградите за главна женска и машка улога им припаднаа на Леонардо Дикаприо (Revenant) и Бри Ларсон (Room).

Леонардо Дикаприо

Новинарската драма Spotlight ја доби наградата за најдобра актерска постава, која ги вклучува актерите Марк Рафал, Рејчел Мекадамс и Мајк Китон. Наградата за најдобра женска споредна улога замина во рацете на Алиша Викандер за улогата во The Danish Girl, а кај мажите тоа е британскиот актер Идрис Елба за улогата во Beast of No Nation.

Со оглед на тоа дека САГ-наградите се филмски и телевизиски, во телевизискиот дел успех остварија сериите Orange is the New Black, How to Get Away with Murder, Dawntown Abbey, House of Cards.

За разлика од Оскарите, овде разноликоста беше застапена, па меѓу наградените беа и црните актери меѓу кои и Узо Адуба, Квин Латифа и Виола Дејвис.

Виола Дејвис

А разноликост имаше и на црвениот килим. Мноштво бои и принтови е она што може да се забележи уште на прв поглед. Голем број од актерките се одлучија за црвената боја, меѓу кои Тина Феј во креација на Прабал Гурунг и Ана Фарис во креација на Наим Кан.

Еден дел од ѕвездите се одлучија за креации од неодамна завршената модна недела на Висока мода во Париз, па така видовме модели од последните колекции на „Версаче“, „Живанши“, „Валентино“, „Скјапарели“...

Нијансите на сина исто така беа доминантни, а ништо помалку не беа застапени оние во зелена боја. Црната е секогаш сигурен избор, па затоа е и чест. 

Неколку актерки, меѓу кои и Никол Кидман во „Гучи“ се одлучија за светкави креации. Жолтата и розовата исто така ја дополнија палетата бои, а Софија Вергара беше една од актерките што одлучија на таков начин да се издвојат од толпата.

Софија Вергара

Посебно внимание привлекоа Сузан Сарандон и нејзината ќерка и Ева Амури Мартино. Сузан одбра комбинација од Max Mara, а нема кој не зборуваше за нејзиното деколте. Иако е амбасадор на L’Oreal и одлично изгледа, многумина коментираа дека ова деколте е премногу и дека посуптилна варијанта би била посреќен избор.

Нејзината ќерка пак, се одлучи исто така за провокативна креација со потпис на Габриела Кадена.

Сузан Сарандон и Ема Амури

Инаку, САГ- наградите ги доделува синдикатот на американските актери и претставува барометар за Оскарите. Ги доделуваат актери, од кои многумина се исто така и членови на Академијата за филмска уметност и наука.

На крај, во галеријата погоре погледнете го гламурот од црвениот килим. Кој е вашиот фаворит?

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.418 пати