Годинешното, 25-то издание на филмските „Ем-ти-ви“ награди се одржа во саботата во Лос Анџелес.

Кога е модата на црвениот килим во прашање, долгите фустани речиси и да изостанаа. Повеќето се одлучија или за комбинација што вклучува панталони или шорцеви. Од тие што се одлучија за фустани, Шарлиз Терон го „украде“ вниманието, во црн, до колена и со тантела.

Шарлиз Терон

Генерално, црната боја доминираше. Модните магазини меѓу добро облечените ги посочија и Џиџи Хадид која одбра одело, како и Кендал Џенер (црн,транспарентен фустан) и Кара Делевињ (црн комбинезон).

Кара Делевињ

Кендал Џенер

Ариана Гранде е една од ретките што се одлучи за долга тоалета и тоа во пинк боја.

Ариана Гранде

Како изгледаа останатите ѕвезди можете да видите во галеријата погоре.

Што се однесува до наградите пак, „Star Wars: Тhe Force Awakens “ триумфираше и тоа во три категории – најдобар филм, најдобар негативец (Адам Драјвер) и актер во подем (Дејзи Ридли).

Остварувањата „Deadpool“ и „Pitch Perfect 2“ освоија по две награди, а „Straight Outta Compton“ победи во категоријата Најдобра вистинска приказна. Шарлиз Терон дома си замина со „Златни пуканки“ за најдобра женска улога во филмот „Mad Max: Fury Road“, додека наградата за најдобра машка улога му припадна на Леонардо Дикаприо за „The Revenant“.

Комплетната листа на наградени можете да ја видите тука, а во продолжение погледнете ги најдобрите моменти од сцената:

Објавено:
11 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.299 пати