Во Лос Анџелес завчера се одржа годинашното издание на People Choice Awards. Домаќин на манифестацијата беше Џоел Мекхејл, кој успеа да го задржи вниманието на публиката.

И после два дена од доделувањето на наградите, сè уште се зборува за црвениот килим.

Најголемото внимание го привлече Џенифер Лопез, која носеше црна тоалета од дизајнерката Рим Акра, во која изгледаше неверојатно слабо, па многумина се запрашаа дали се работи за оптичка илузија или пејачката навистина ги намалила облините.

Меѓу најдобро облечените беше е Блејк Лајвли која носеше креација со реси на Ели Сааб.

Пријанка Чопра исто така го привлече вниманието со здолништето од Sally LaPоinte, кое го комбинираше со асиметричен топ, па целата креација изгледаше како фустан, а не е.

Во галеријата ќе видите како изгледаа и останатите ѕвезди на црвениот килим.

А кога се наградите во прашање, медиумското внимание беше свртено најмногу кон Елен Деџенерис, која освои три годинава – за најдобра водителка на емисија, најдобра комична соработка за прилогот со Бритни Спирс во трговски центар и омилен глас од анимиран филм (Finding Dory), но всушност ѝ е 20-та награда на оваа манифестација, што ја прави апсолутен рекордер.

Меѓу наградените се најдоа и Џастин Тимерлејк, Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс, Том Хенкс, Џенифер Лоренс и многу други, комплетната листа на победници следи во продолжение:

Филм:

Омилен филм: Finding Dory

Омилен актер: Рајан Рејнолдс

Омилена актерка: Џенифер Лоренс

Омилен акционен филм: Deadpool

Омилен актер во акционен филм: Роберт Дауни Џуниор

Најдобра акерка во акционен филм: Маргот Роби

Омилен глас во анимиран филм: Елен Деџенерис (Finding Dory)

Омилена комедија: Bad Mums

Омилен актер во комедија: Кевин Харт

Омилена актерка во комедија: Мелиса Мекарти

Омилен филм драма: Me before you

Омилен актер во драма: Том Хенкс

Омилена актерка во драма: Блејк Лајвли

Омилен семеен филм: Finding Dory

Омилен трилер: The Girl od the Train

Омилена филмска икона: Џони Деп

 

Музика:

Омилен машки изведувач: Џастин Тимберлејк

Омилен женски изведувач: Бритни Спирс

Омилена група: Fifth Harmony

Омилен кантри машки изведувач: Блејк Шелтон

Омилен катри женски изведувач: Кери Андервуд

Омилена кантри група: Little Big Town

Омилен поп изведувач: Бритни Спирс

Омилен хип-хоп изведувач: G-Eazy

Омилен ар-ен-би изведувач: Ријана

Омилен албум: If I’m Honest – Блејк Шелтон

Омилена песна: Can’t stop the feeling – Џастин Тимберлејк

 

Медиуми:

Омилена ѕвезда на социјалните мрежи: Бритни Спирс

Омилена „јутјуб“ ѕвезда – Лили Сајн

Омилена комична соработка – Елен Деџенерис и Бритни Спирс

 

ТВ:

Омилена тв серија: Outlander

Омилена тв комедија: The Big Bang Theory

Омилен актер во комедија: Џим Парсонс

Омилена актерка во комедија: Софија Вергара

Омилена тв драма: Gray’s Anatomy

Омилен актер во тв драма: Џастин Чамбер

Омилена актерка во тв драма: Пријанка Чопра

Омилена комедија на кабловска: Bad Daddy

Омилена тв драма на кабловска: Bates Motel

Омилен актер на кабловска: Фреди Хајмор

Омилена актерка на кабловска: Вера Фармига

Омилена тв крими драма: Criminal Minds

Омилен актер во тв крими драма: Марк Хармон

Омилена актерка во тв крими драма: Џенифер Лопез

Омилена premium тв драма: Orange is the New Black

Омилена premium тв комедија: Fuller House

Омилен актер во premium серија: Двејн Џонсон

Омилена актерка во premium серија: Сара Џесика Паркер

Омилена scf-si серија: Supernatural

Омилена scf-si серија на кабловска: The Walking Dead

Омилена premium scf-si серија: Outlander

Омилен актер во scf-si серија: Сем Хеган

Омилена актерка во scf-si серија: Катриона Белфи

Омилено натпреварувачко шоу: The Voice

Омилено дневно тв шоу: Ellen DeGeneres

Омилено вечерно ток шоу: Jimmy Fallon

Омилена анимирана серија: The Simpsons

Омилен актер во нова тв серија: Мет Лебланк

Омилена актерка во нова тв серија:Кристен Бел

Омилена нова тв комедија: Man with a Plan

Омилена нова тв драма: This is Us

Објавено:
20 јануари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.211 пати