Се чини оваа година како ѕвездите да се натпреваруваа кој ќе облече полош фустан на доделувањето на традиционалните Билборд награди во Лас Вегас.

На првото место на најлошо облечени вечерта се најде талентираната пејачка Кристина Агилера чиј тим одбра долг палто – фустан на пруги со ремен на средината кој направи таа да изгледа уште пониско одошто вистински е.

Пејачката Z Lala за настанот одбра златен фустан во вид на октопод со фризура високо крената нагоре, дополнително украсена со златни додатоци.

Обожавателите ги поделија мислењата и за поп дивата Џенифер Лопез која секогаш важи за една од најдобро облечените, а овојпат се појави во темно црвена комбинација составена од кожено здолниште и секси кошула, комбинирани со високи чизми кои се чини беа вишок.

Фустан со реси и црна панделка во средината одбра во моментов една од најпопуларните пејачки Камила Коељо, чиј тим можел да одбере нешто помодерно што би и ласкало на нејзината фигура.

Во едноставен црн фустан со „опашка“ која дефинитивно беше вишок се појави младата пејачка Халси, а познатата кантри пејачка Марен Морис се појави во фустан со розово светкаво срце и црвен материјал што слободно паѓаше надолу.

Покрај ултра лошите изданија на ѕвездите годинава, на Билборд наградите впечаток оставија неколку дами меѓу кои и популарната Дуа Липа, манекенката Хејли Болдвин, актерката Мила Кунис и пејачката Сиара.

Секси настап за паметење имаше и музичката дива Џенет Џексон која покажа дека и на 52 години изгледа одлично и е во супер форма. Таа ја доби наградата за музичка икона која ѝ ја додели Бруно Марс на огромно одушевување на публиката и нејзините обожаватели.

Наградата за најдобар женски изведувач ја доби Тејлор Свифт, додека наградата во машката категорија отиде во рацете на Ед Шеран.

Билборд наградите ги отвори фантастичната Кели Кларксон која ги крена сите на нозе со изведбата на најдобрите хитови за годинава испеани во неколку минути.

Погледнете го видеото и фотографиите од тоа како поминаа долгоочекуваните Билборд награди 2018. 

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
701 пати