Популарната британска серија „Killing Eve“ собра најголем дел од наградите на годинешната церемонија BAFTA што се одржа вчеравечер во Лондон.

Токму „Killing Eve“ беше прогласена за најдобра драмска серија, додека Џоди Комер беше прогласена за најдобра актерка во серија.

Голем број награди освоија и популарните ТВ емисии I’m a Celebrity и Britain’s Got Talent, а вечерта беше полна популарни ѕвезди кои уживаа во одличниот говор на Грахам Нортон поради кој секоја година BAFTA наградите се одржуваат викендот пред Евровизија.

Дејвид Вилијамс беше одбран за најдобар шоумен во Британија, додека шоуто Britain’s Got Talent од кое тој е дел беше прогласено за најдобро шоу.

На црвениот килим се појавија некои од најголемите британски ѕвезди меѓу кои и Холи Вилуби, Сузана Рид и ѕвездите на „Killing Eve“, Сандра О и Џоди Комер.

Токму тие и беа највпечатливи на црвениот килим, во внимателно одбрани креации совршени за пригодата.

Подеднакво впечатливи беа и популарната американска актерка Џулија Стајлс, но и ѕвездата на планетарно познатата серија Bodyguard, Кејли Хејс.

На настанот се појави и познатиот актер Бенедикт Камбербач во придружба на неговата жена Софи која се појави во впечатлива црна креација со должина до под колената.

Примајќи ја наградата за најдобар актер, тој ѝ се заблагодари на неговата сопруга и рече дека токму таа е „каменот“ на кој постојано се потпира.

Секако, на манифестацијата се појавија и голем број ѕвезди со несоодветен избор на креации, а дел од нив гледате во продолжение.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.326 пати