Најпознатите фризери од модните недели

8 февруари 2014

Не постои модна куќа која не би сакал да соработува со нив бидејќи тие ги создаваат модните трендови на фризури. А за кој точно станува збор прочитајте во продолжение.

Јуџин Сулејман

Британскиот успешен стилист, моментално креативен директор на Wella Profesional започна со работа во осумдесеттите години по завршувањето на студиите во Seasson. Со работа на модните недели започнува во 1993 година, а за секоја нова сезона креира околу 900 различни фризури. Меѓу дизајнерските имиња со кои има соработувано се Стела Мекартни, Јоши Јамамото, Етро, Дона Каран и Хајдер Акерман.

Гвидо Палау

Гвидо бил избран од лондонската академија Vidal Seasson по 18 месеци од студирањето бидејќи за него не било предизвик да работи во салон за убавина, каде ќе треба да шиша само десет пати во текот на денот. Но сепак, неговиот пат кон успехот започнува со правењето на фризури на Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста за снимањето на спотот за песната „Freedom“  на Џорџ Мајкл. До сега има соработувано со Долче и Габана, Роберто Кавали, Алберта Ферети, Џил Сандер и Ланвин и најчесто создава трендови на фризури кои не влијаат на сезонските трендови.

Сам Мекнајт

Главниот уметнички директор на Pantene Pro – V и креативен директор, Сам Мекнајт е професионален фризер со триесет годишно искуство започнувајќи со работа во Велика Британија и потоа работејќи за голем број магазини. Има работено со голем број ѕвезди како што се Мадона, Кејт Мос, Ума Турман, Елизабет Харли, па и со принцезата Дијана.

Адал Гилберт

Французинката Гилберт е дел од модната индустрија дури пред Сем, Гвидо и Јуџин, односно започнува со работа во седумдесеттите години. Прво започнува со соработка со асистентот Бруно Питини, но нивните ангажмани не се сведоа само на работата со модели, туку и за потребите на театарската сцена. Со текот на времето почнала да работи на повеќе локации надвор од Франција а има соработувано со Рејчел Зое, Марчеса, Пако Рабан и многу други.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Сцена