Најтешките фустани од црвениот килим

22 февруари 2016

Иако појавувањето на црвениот килим изгледа мошне гламурозно и посакувано, да се изгледа совршено не е секогаш многу лесно. Особено ако носите фустан што тежи и десетици килограми.

Токму во продолжение ви презентираме дел од најтешките фустани некогаш прошетани на црвен килим:

*Нема кој не се сеќава на жолтата креација што Ријана ја носеше на минатогодишната Мет Гала. Фустанот е дизајниран од кинеската креаторка Гуо Пеи, а тежи 25 килограми. Инаку, уште еден куриозитет е дека креацијата е сошиена од само една жена, а изработката траела цели две години.

Ријана

 

*Во групата познати личности што носеле фустан тежок преку 10 килограми е и Барбара Стрејсенд. За време на снимањето на филмот „Hello Dolly“, од 1969 година, таа носи златна креација тешка 18 килограми, со „шлеп“ долг дури 75 сантиметри. Но, не само што ја носи, Барбара во филмот дури и танцува со неа.

Барбара Стрејсенд

 

*Алиша Викандер, ѕвездата на филмот The Danish Girl, неодамна на доделувањето на BAFTA наградте се појави во креација на Луј Витон. Црниот кожен фустан со сребрени украси изгледаше одлично на неа, а секако беше и една од највпечатливите креации на црвениот килим. Креацијата е направена на тој начин што ви ја издолжува фигурата, а тежи дури 15 килограми. Но, Алиша изгледаше како тоа воопшто да не ѝ претставува проблем.

Алиша Викандер

 

*Минатогодишното издание на „Златен глобус“ ќе се памети и по фустанот на Ели Кемпер. Таа носеше навидум лесна креација на Наим Кан, но вистината е поинаква.

-Фустанот тежи 200 килограми – се пошегува актерката тогаш.

Креацијата, украсена со мноштво камчиња всушност тежи 15 килограми

Ели Кемпер

 

*На доделувањето на Оскарите пред три години, Адел се појави во креација на „Барбери“. Црната основа на фустанот беше украсена со светкави камчиња, што придонесоа тој да тежи 15 килограми. Пејачката призна дека не ѝ било лесно да издржи, бидејќи при секое земање на здив ја чувствувала тежината на фустанот.

 

*Уште еден фустан тежок 15 килограми е оној што Тејлор Свифт го носеше на доделувањето на CMA-наградите во 2008 година. И покрај тенката и слаба градба, таа успешно се снајде во оваа сребрена креација.

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.852 пати