Сен Тропе вчеравечер беше местото каде што се собра холивудскиот џет сет за хуманитарната гала вечер што актерот Леонардо ди Каприо традиционално ја организира изминатите неколку години.

Сосема очекувано, со приватни јахти на француската ривиера пристигнаа некои од најголемите ѕвезди меѓу кои и Ирина Шајк, Мишел Родригез, Силвестер Сталоне, Орландо Блум и уште многу други.

Актерките и моделите се одлучија за претежно транспарентни долги фустани со кои само придонесоа за уште погламурозна забава на познатиот актер.

Како и секоја година, така и оваа, гостите на актерот имаа можност да уживаат во луксузен избор на јадења и пијалоци, изложба, приватна забава со Елтон Џон и уште многу други задоволства.

На самата забава, се случи и аукција со која организацијата на актерот секоја година прибира средства за нивните намени.

Формирана во 1998 – та година, тимот на организацијата на Леонардо ди Каприо неуморно работи за заштита на околината, океаните, шумите и другите природни убавини на земјата. 

Објавено:
23 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.694 пати