Најубаво облечените жени на модните недели (прв дел)

5 февруари 2014

Групата на т.н. инсајдери го претставуваат најдоброто од колекциите, секогаш се во центарот на модните новости и самите претставуваат движечки модни икони. Кастинг агенти, директори, уредници и блогерки – тоа се накратко профилите на најубаво облечените жени во модната индустрија кои воодушевуваат со секоја појава. Особено внимание провлекуваат во текотт на модните недели, па токму затоа ние ќе ви претставиме кратка листа на дамите кои буквално владеат во модната сфера и кои имаат цврсто изграден стил како знак на препознатливост.

Џена Лионс - креативниот директор и претседател на J. Crew е одговорна за големата комерцијализација на брендот пред се на американскиот пазар и за соработката со голем број дизајнерски имиња.

Шиона Турини – Маркетинг директор на Космополитен, а претходно работела како уредник во Teen Vogue и магазинот W. Речиси не постои парче која таа го носи ,а кое не би сакале да го поседуваме. Прави интересна комбинација од пенкало здолништа и маици со интересни мотиви.

Никол Варн – Австралиска блогерка и сопственик на винтиџ шоп. Со својот автентичен стил, креативност и инвентивност внесе свежина во модните кругови. Добро знае да комбинира винтиџ парчиња со интересен накит.

Кристин Сентенера – Моден уредник во австралискиот Вог. Не не чуди што токму Ким Кардашијан и Канје Вест се воделе од нејзиниот изглед при промената на целосниот стајлинг. Кристин одлично знае да ги понесе парчињата на Балман, Живенши и Том Форд со фокус кон деталите.

Џоана Хилман – Директор во Harper’s Bazaar. Бидејќи постојано шета на разни локации за пронаоѓање на нови трендови и must have парчиња таа е непресушен извор за инспирација. Го обожава еклектичниот стил, кожените парчиња и задолжителниот црвен кармин.

Мирослава Дума – Директор на ТСУМ, основач на модната платформа Buro 24/7. Таа е дефинитивно една од омилените ит девојки. До сега можевме да ја видиме во парчиња од најновите колекции на светските модни куќи, а нејзиниот стил накратко би можеле да го опишеме како уникатен.

Каролина Иса – директор во магазините Tank и Because. Бидејќи е бизнис жена, нејзиниот стил изминативе десет години е ист, односно таа е дама која ја негува класиката во комбинација со интересни модни додатоци.

Натали Џош – Кастинг агент, моден консултант и блогер. Нејзината пасија кон модата е премногу очигледна и е бестрашна во комбинацијата на разни принтови и нијанси.

Керин Ројтфелд – Поранешен главен уредник на францускиот Вог, основач и уредник во CR Fashion Book. Таа е препознатлива по софистицираниот изглед, со доза на готик стил, кој во комбинација со самоуверениот став допринесе таа да биде една од најдобро облечените жени во светски рамки.

Шала Монрокуе- Консултант и креативен директор на магазинот Garage. Влијанието на модата и уметноста може да се забележи преку нејзиниот стил на облекување. Таа е еден од најголемите фанови  на Прада, па затоа и неофицијално ја сметаат за нивна муза.

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Сцена