Највлијателните азиски блогерки

23 август 2016

Азиската модна сцена има свое значајно место во глобалната модна карта, а станува се повлијателна и преку бројните модни блогерки.

Азијатките благодарение на нивната култура и автентичен стилски пристап, се сè поинтересни за светската публика, но и за познатите модни брендови кои не пропуштаат прилика да ги ангажираат во своите модни кампањи.

Тие веќе не се мала и независна група, туку доминантна сила која има се поголемо влијание врз купците ширум светот и токму затоа не само што модниот пазар не ги занемарува, туку се почесто ги вклучува во дефинирањето на модните текови.

Можеби дел од нив веќе сте ги сретнале на Инстаграм или на некоја друга социјална мрежа, а ние правиме листа на оние азиски модни блогерки кои моментално важат за најпопуларни и највлијателни.

Ејми Сонг – дизајнер на ентериери и автор на книгата „Capture your style". Таа е една од најпознатите светски модни блогерки која заедно со нејзината сестра Дани Сонги, ги посетува модните шоуа на најпознатите брендови ширум светот.

Дани Сонг – таа е основач на линијата накит Anarchy street. Нејзиниот стил е модерен, но и доста помрачен во однос на стилот на нејзината сестра Ејми која преферира женственост. Доколку ви е потребна инспирација како да ја комбинирате црната боја, тогаш посетете го нејзиниот профил на Инстаграм.

Стефани Лиу – уредник на „Honey and milk", романтичарка која во својот секојдневен стил секогаш наоѓа место за флорални принтови и лелеави романтични фустани.


Крисел Лим – една од највлијателните азиски модни блогерки која е меѓу првите со најголем број следбеници на социјалните мрежи.


Маргарет Занг – фотограф, консултант и стилист. Нејзиниот блог е препознатлив по фантастичните форографии


Софија Чанг – покрај тоа што е модна, таа истовремено е и „бјути" блогерка која на нејзиниот профил секојдневно ни открива нови мејкап трикови


Ванеса Хонг – креативен директор на Thpshop и основач на thehautepursuit.com. Важи за блогерка со фантастично око за естетика и добра фотографија


Кет Танита – таа е една од најбараните модни блогерки која соработува со звучни модни брендови како Барбери и Лореал. Нејзиниот стил е класичен и женствен, па на нејзиниот профил ќе пронајдете бројни инспиративни аутфити доколку имате слични стилски преференции

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
664 пати