Највлијателните луѓе во светот на забавата на магазинот Time

22 април 2015

Откако неодамна беше објавена листата на највлијателни луѓе во светот, вистинско време беше истите и официјално да се прогласат на свечена гала во организација на магазинот Time.

Како што се очекуваше, на галата на магазинот организирана во Њујорк оваа среда, се појавија некои од најпознатите и навлијателни луѓе во светот меѓу кои и Канје Вест, Бредли Купер, балерината Мисти Копланд, новинарот и писател Џорџ Рамос и судијката Рут Бадер Гинбург.

 

Балерината Мисти Копланд на насловната на магазинот Time Балерината Мисти Копланд на насловната на магазинот Time

Токму тие, ги добија и официјалните, пет насловни страници за јубилејното издание на магазинот Тime.

На гала настанот, раперот Канје Вест се појави со неговата сопруга Ким Кардашијан која исто така се најде помеѓу 100 – те највлијателни луѓе во светот според листата на магазинот.

Прославата на магазинот дефинитивно помина во знакот на црните комбинации, со исклучок на неколку девојки што внесоа свежина во просторот. Меѓу нив и повеќе од забележителна беше секогаш прекрасната Наоми Кемпбел која за забавата се одлучи за бело фустанче до колената во комбинација со раскошна бундичка и високи бели потпетици.

Подеднакво прекрасна беше и нејзината помлада колешка Карли Клос која за оваа пригода се одлучи за целосно тесен долг црн фустан. Како и секогаш, таа блескаше со нејзината прекрасна насмевка и шарм што дефинитивно ретко кој го поседува.

Вистинска дама во црно – сива комбинација беше и исклучително талентираната млада актерка Ема Вотсон која се чини дека е вистински вљубена во панталоните. Таа се одлучи за тесни сиви панталони до глуждовите и црна маичка со гол грб, во комбинација со нежна шминка и лежерна фризура.

Помеѓу гостите на забавата беше и позитивната и секогаш шармантна Џулијан Мур која буквално блескаше во нејзиниот раскошен избор на фустан на едно рамо. На гала настанот таа се појави во друштво на нејзиниот прекрасен, 10 години помлад сопруг Барт Фројндлих.

Во продолжение во галеријата, ние ги издвоивме највпечатливите комбинации на ѕвездите што се појавија на гала вечерта каде дефинитивно важеше девизата: Или облечи црно или воопшто не се појавувај!

Комичарката Ејми Шумер направи шега пред најфотографирана двојка вечерта Комичарката Ејми Шумер направи шега пред најфотографирана двојка вечерта

Објавено:
22 април 2015
Категорија: 
Сцена