Највпечатливите изданија на црвениот килим во 2017

24 ноември 2017

Крајот на секоја календарска година е резервиран за сумирање на впечатоците од годината во изминување.

Кога е во прашање црвениот килим на престижните светски случувања, тука секогаш конкуренцијата е најбогата во однос на највпечатливите стилски изданија на познатите.

 

Во текот на оваа година видовме навистина револуционерни аутфити кои поставија поинакви стандарди во дефинирањето на она што значи блескав изглед достоен за црвената патека.

Еден од оние настани кој по својот стилски сензибилитет и концепт се издвојува, е престижната Мет Гала каде секоја година гледаме тематски црвен килим. Годинава вниманието на светската јавност особено го привлече Кара Делевињ со изборот на футуристички, а сепак нослив и елегантен дводелен костум во сребрена боја, од Шанел.

Сосема поинаков, но исто толку впечатлив, беше и изборот на Пријанка Чопра на истиот настан, која пак одбра модифицирана и театрална верзија на тренч мантилот со потпис на Ралф Лорен.

Селин Дион годинава брилираше на црвениот килим и имаше неколку впечатливи изданија , меѓу кои и префинетата тоалета во нежно сина боја со предимензионирана панделка, од Кристијан Сириано, на премиерата на „Убавицата и ѕверот".

Зое Кравиц е една од нашите омилени, млади икони на стилот, што секогаш има впечатливи стилски изданија не само на црвениот килим, туку и во приватниот живот. Едно од омилените, е нејзиното појавување на ЕМИ наградите во тоалета од „haute couture" линијата на Диор.

Во продолжение погледнете дел од највпечатливите изданија на црвениот килим за 2017.

Објавено:
24 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.305 пати