Наоми Вотс ги носи најстилските есенски комбинации

26 септември 2018

Ако оваа сезона ви треба малку инспирација за лежерни комбинации, има неколку шик девојки кои ги имаат најфраерските парчиња.

Прекрасната актерка Наоми Вотс е дефинитивно една од нив, а оваа есен таа секојдневно се појавува во тренди парчиња кои ги комбинира на единствен начин.

Иако таа е позната по нејзините гламурозни изданија во кои секогаш се појавува на црвениот килим, сепак за секојдневните прошетки секогаш одбира удобни и ефектни парчиња.

Во нејзиниот плакар има неколку клучни и впечатливи парчиња кои се основата на нејзините комбинации, па така речиси секогаш  можеме да ја видиме во интересни палта, широки фармерки, шик хеланки, маички на куси ракави со натпис и лежерни фустани.

Таа е вљубена и во модните додатоци, па така секогаш можеме да ја видиме со очила за сонце, чанти преку рамо, ремени, марами околу вратот и патики или оксвордки како најчест избор.

Ако деновиве ви требаше малку инспирација, тогаш комбинациите на Наоми Вотс се нешто што мора да го погледнете.

Извор: Journal.hr

Објавено:
26 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.555 пати