Наскоро ќе гледаме документарец за Ријана

14 април 2016

Новиот документарен филм за Ријана насловен како „Rihanna“, што ќе даде сосема нов поглед на животот на пејачката.

Она што посебно ќе ги израдува обожавателите е што музичката кариера и стилот ќе бидат во втор план, а фокусот ќе биде ставен на нејзината вистинска личност.

Документарецот ќе биде направен од страна на продукцијата на Питер Берг, „Film 45“, кој го работеше и претходниот филм за пејачката „Battelship“ од 2012 година.

-Следејќи ја оваа вистинска интернационална ѕвезда, како се справува со животот како уметник, бизнис жена и хуманитарец.  Овој филм на Берг ќе даде „нефилтриран“  поглед на животот на Ријана и на тоа како таа стана глобална икона – велат од продукцијата.

Конкретен датум на премиерата за документарецот сè уште не се посочува, иако во одредени странски медиуми се шпекулира дека тоа ќе биде наскоро.

Објавено:
14 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
271 пати