Наследничката на Ана Винтур воопшто не е заинтересирана за мода!

12 мај 2014

Уредничката на американскиот Вог Ана Винтур е една од најзначајните личности во светот на модата која што дефинитивно ги диктира трендовите, но нејзината ќерка Би Шафер воопшто не ја дели истата страст.

Оваа прекрасна и шармантна девојка која Ана ја доби од бракот со психијатарот Дејвид Шафер, се занимава со продукција и не се грижи ако повеќе пати ја носи истата комбинација.

„Висока сум 176 сантиметри, имам големи гради, така што дефинитивно не ги носам истите работи како Карли Клос“, вели Би за „Тин Вог“.

Нејзината врска со модата, таа ја опишува на следниот начин.

„Никогаш не бев вљубена во модата, едноставно не сум заинтересирана за тоа. Најчесто или носам иста облека, или колку и да звучи клише, одбирам фармерки и маичка“, додава Би која е продуцент на шоуто на Сет Мејерс „Late Night“.

За тоа дека не е голем фан на модата, ќерката на Ана Винтур говореше и пред неколку години кога изјави дека ја почитува љубовта на нејзината мајка кон модата, но и дека таа со тоа никогаш не би се занимавала бидејќи за неа „модната индустрија е премногу чудна“.

Има и уште нешто по што оваа талентирана девојка се разликува од нејзината мајка, а тоа е дека воопшто не сака јавни настапи. Тоа го открила кога како девојче, посетувала часови по пеење.

На листата на она што Би не обожува да го прави, се најде и јогата и уште неколку други начини на опуштање и примање позитивна енергија. Сепак, единствено нешто што дели со мајка и кога станува збор за исхраната пак, се советите за здравите зелени сокови во кои многу често ужива.

Нешто друго што го дели со нејзината мајка, се навиките за спиење.

„Сакам рано да си легнувам и рано да станувам. Мојата мајка заспива околу 22 часот, а се буди во 05 наутро, а слично е и со мене. Сакам да си легнам веќе во 23 часот, а се будам во шест“, раскажува Би.

Нејзините родители ја научиле на беспрекорна точност, па поради тоа никогаш не доцни и не ги разбира луѓето кои што го прават тоа. На прашањето како гледа на тоа што нејзината мајка ја нарекуваат „челична лејди“, Би вели дека тоа е погрешна проценка бидејќи Ана Винтур е најдобрата и најдарежлива личност која што ја познава.

Би Шафер отсекогаш знаела што ја интересира во животот, а што не. Како и нејзиниот дедо, кој беше уредник на „Evening Standard“ и нејзиниот вујко кој работи како уредник на политичката рубрика во „The Guardian“, Би работела во „Тин Вог“ и „Дејли Телеграф“.

Пред пет години, Би дипломирала на Универзитетот Колумбија, па целосно му се посвети на шоу бизнисот, а сега е во врска со критичарот и новинар, Бен Лајонс (32).

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Сцена