Натали Портман роди девојче!

4 март 2017

Откако минатиот викенд не се појави на Оскарите каде беше номинирана за најдобра женска улога за филмот „Џеки“, медиумите шпекулираа дека Натали Портман можеби го родила своето второ дете.

Портпаролот на актерката ја потврди веста соопштувајќи дека таа родила здраво девојче неколку   дена пред оскаровската церемонија.

„Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин на 22 – ри февруари ѝ посакаа добредојде на нивната ќерка Амелија. Мајката и бебето се здрави и среќни“, соопштија од прес службата.

Ова е второ дете за Натали и Бенџамин, откако во 2011 – тата го добија нивниот син Алеп. Тие се запознаа на снимањето на одличниот филм „Црниот лебед“ во кој актерката ја имаше главната улога за која доби и Оскар.

Објавено:
4 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
974 пати