Неформалниот стил на Сиена Милер ќе ве инспирира

3 ноември 2017

Таа е една од најинспиративните актерки за модните дизајнери, поради нејзиниот отворен пристап кон стилските предизвици. Сиена Милер откако се појави на филмската сцена, стилски еволуираше во континуитет, но она што остана препознатливост за нејзиниот карактер, е спојот на боемската лежерност и британската елеганција.

Нејзиниот неформален имиџ важи за еклектичен, опуштен и експериментален. Токму затоа секое нејзино појавување е интересно и за модните критичари и за јавноста.

Оваа есен беа објавени неколку фотографии на кои Сиена носи тренди парчиња во лежерен стил, како предимензионирани миди капути, џинс, плетени блузони, патики...

Сите што ја преферирате оваа естетика, ќе пронајдете бројни инспиративни комбинации од уличната мода во која главна хероина е Сиена Милер.

Фото извор: Pinterest, Vogue, Red Magazine, The Zoe Report, InStyle

 

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.179 пати