Неколку модни факти што можеби не сте ги знаеле

15 август 2014

Од модни куќи и магазини до супермодели и нивните заработки, пред вас имате интересни факти од модната индустрија за кои досега можеби не сте слушнале.

Доколку сакате Луј Витон паричник, чанта или било какво парче, шансите дека ќе најдете оригинал се навистина мали. Дури 99% од понудата на пазарот е лажна. Сигурна варијанта е да купите нормално од продавница на брендот.

 

Мајкл Корс е легендарно американско име во светот на модата. За разлика од многу што лутале, Корс од мали нозе знаел што ќе биде кога ќе порасне. Првото парче го создал на само пет години, а бутик во својот подрум отворил шест години подоцна. Првата вистинска креација која ја создал била венчаницата на мајка му.

 

Денес Модната недела е задолжително случување, за која се прави распоред месеци наназад. Првата модна недела  е одржана во Њујорк 1943 година. Тоа не би било така чудно, да не беше за време на втората светска војна. Секако, не се работи за случајност. По Италијанците и Французите и Американците сакале да бидат на модниот трон и ја искористиле војната за да добијат предност. Сепак да не беа модните куќи од 20-тите и 30-тите кој знае дали ќе имаа да направат модна недела.

Модниот свет годишно заокружува неколку десетина милијарди долари. Но, зарем не мислите дека тоа е чудно со оглед на тоа дека последниот моден пронајдок е мини здолништето? И тоа уште во времето на Коко Шанел. Се после тоа е само надградба  на веќе виденото.

Многу познати имаат линија облека и парфеми. Од Гвен Стефани до Пaрис Хилтон. Но сепак, најчудно е дека некогашната ѕвезда на серијата „Два ипол мажи“, Чарли Шин кој повеќе време поминува на рехабилитација од дрога и алкохол има своја линија на детска облека.

Кон почетокот на 90-тите, големиот Марк Џејкобс е еден од најбараните млади дизајнери. Куќата Пери Елис го ангажираше за креативен директор, но по гранџ колекцијата во 1993 година тој доби отказ. Сепак, направија голема грешка, зашто на почетокот на 2000-та тој стана значајно име преку работата во Луј Витон и преку своите колекции.

 

Објавено:
15 август 2014
Категорија: 
Сцена