Невпечатливи креации на BRIT Awards

20 февруари 2014

Лондонската О2 арена вчеравечер ги собра најдобрите од музичката британска сцена, на традиционалното годишно доделување на  музички награди - Brit Awards.

Што се однесува до црвениот килим, видовме различни стилови и замисли за тоа како треба да се дојде на ваква манифестација. Така, некои го остварија својот сон да изгледаат како принцеза, како Ели Гоулдинг која се појави во креација на Вивијан Вествуд, други се одлучија за сигурни комбинации како сестрите Миног, а некои пак за урбани и шик варијанти како на пример Никол Шерцингер на која тоа одлично и прилега.

Никол Шерцингер Никол Шерцингер

Сепак и покрај дизајнерскиот потпис на Вивијан Вествуд, Ели не воодушеви во нејзина креација. Повеќе гламур покажа додека ја земаше наградата за најдобар женски изведувач во тоалета на Џулиен Мекдоналд. Со тоа се потврдува она дека, за нешто да изгледа убаво  на тебе, мора да знаеш како да го носиш.

Ели Гоулдинг во Вивијан Вествуд (1и2) и во креација на Џулиен Мекдоналд (3) Ели Гоулдинг во Вивијан Вествуд (1и2) и во креација на Џулиен Мекдоналд (3)

За дизајнерско парче се одлучи и Рита Ора, појавувајќи се во жолта тоалета на Прада, со актуелни модни аксесоари, што ја направи една од повпечатливите. Џеси Џеј остана доследна на својот откачен стил, па се појави со долга црна коса, во светкав комбинезон од Џулиен Мекдоналд, а многумина го коментираа и нејзиниот кармин во светловиолетова нијанса, како лош избор.

Рита Ора во Прада Рита Ора во Прада

Џеси Џеј во комбинезон од Џулиен Мекдоналд Џеси Џеј во комбинезон од Џулиен Мекдоналд

Пикси Лот зачекори на црвениот килим во бел фустан на DKNY кој на неа изгледаше како бел чаршаф. Пикси Гелдоф се одлучи за урбана варијанта, облекувајќи здолниште и топ од River Island, а Роси Ханингтон се одлучи за добро проверена варијанта - кусо светкаво фустанче на Ин Сен Лоран, со кое ги истакна своите атрибути.

Пикси Лот во DKNY Пикси Лот во DKNY

Кога е сцената во прашање, Бијонсе премиерно ја изведе својата песна „ХО“ во светкава сина тоалета. Кети Пери имаше настап во стилот на Ацтеките, а Лорд имаше интересно графичко решение на сцената за време на изведбата на нејзиниот хит „Royals“.

настап на Лорд настап на Лорд

Едно од изненадувањата на вечерта беше и појавувањето на Кејт Мос на сцената и тоа да ја земе наградата во име на Дејвид Боуви за најдобар машки изведувач. Таа успеа да им избега на папараците пред црвениот килим и на сцената се појави во едно од Ziggy Stardust костими по кои пејачот е препознатлив и во кој веќе сме го виделе на настапите. Примајќи ја наградата, ги цитираше зборовите на Боуви со кои тој „ја испратил“, а чие непојавување и не беше некое изненадување.

Кејт Мос ја врачува наградата на Дејвид Боуви за најдобар машки изведувач Кејт Мос ја врачува наградата на Дејвид Боуви за најдобар машки изведувач

На крајот, иако секој од овие изведувачи и гости се потрудил да заблеска на музичката манифестација, не можеме да одвоиме некој што ќе го паметиме. Се е веќе видено и препознатливо, па не би можеле да посочиме на нечиј моден избор со воодушевување, што веројатно нема да биде случај на црвениот килим на Оскарите, следната голема манифестација што ќе ги собере познатите личности на едно место.

Во продолжение погледнете каква мода имаше на црвениот килим, како и листата на наградените.

Најдобар машки пејач - Дејвид Боуви

Најдобар женски изведувал Ели Гоулдинг

Најдобра британска група - Arctic Monkeys

Награда од критиката - Сем Смит

Најдобра песна - Рудиментал и Ела Eaр -Waithing all night

Албум на годината: Arctic Monkeys - AМ

Видео на годината: One Direction - Best song ever

Најдобар интернационален машки изведувач - Бруно Марс

Најдобар интернационален женски изведувач - Лорд

Најдобра интернационална група - Daft Punk

Награда за глобален успех - One Direction

Објавено:
20 февруари 2014
Категорија: 
Сцена