Нежна и елегантна - Кејт Мидлтон во фустан на „Гучи“ на гала вечер во Лондон

14 февруари 2019

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера беше дел од гостите во лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ на гала вечерта посветена на 100 жени во бизнисот.

Воедно, Кејт беше и еден од говорниците на настанот. Дека е вистинска принцеза порача и со својот изглед. 

Таа се појави во долг лелеав фустан, со плисиран тул, од модната куќа „Гучи“ со омбре ефект. Половината е нагласена со кадифена лента. Салонки со потпис на „Оскар де ла Рента“ се изборот на чевли, додека обетки „Прада“ се модните додатоци со кои војвотката го заокружи изгледот. 

Од друга страна, принцот Вилијам го посети добротворното место „Пасаж“, каде готвеше заедно со бездомните лица и им послужуваше храна. Ова место е посебно за принцот, бидејќи во 1993 година за првпат го посетил со мајка му Дајана и братот Хари, па секогаш за него го врзуваат убави спомени. Сè уште стои и тетратката во која се потпишале при нивната посета.

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
999 пати