Ни се допаѓа ова издание на Памела Андерсон

3 октомври 2018

Последниот ден од модната недела во Париз го отвори „Шанел“. За ревијата веќе имавте можност да прочитате на нашиот сајт, а она на што овој пат обрнуваме внимание е изгледот на Памела Андерсон.

Таа беше една од гостите што го збогатија шоуто на познатиот бренд. Иако важи за секс симбол и прва асоцијација за неа се провокативните изданија, Андерсон покажа дека изгледа еднакво привлечно и во дамски комбинации.

Мора да се признае дека иако навлезе во шестата деценија од животот, таа има изглед на кој можат да ѝ позавидат многу помлади колешки.

На ревијата на „Шанел“ се појави во комбинација токму од споменатиот бренд. Бело здолниште од твид во комбинација со долго палто-мантил од истиот материјал и нежна бела кошула со карнери и црни копчиња, ја направија да изгледа нежно, женствено и романтично, а за тоа придонесе и фризурата со недефинирани кадрици.

Белата, препознатлива штепувана „Шанел“ чанта и добропознатите колор-блок чевли го заокружија овој комплетно брендиран изглед. 

Ова е веројатно едно од нејзините најдобри изданија.

Како вам ви се допаѓа?

 

фото извор: vogue.com; fashionista.com; etonline.com; 

Објавено:
3 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.405 пати