Ни се допаѓа женствената зимска комбинација на Лоти Мос

1 февруари 2019

Помладата сестра на Кејт Мос, Лоти Мос неодамна присуствуваше на отворањето на изложбата посветена на Кристијан Диор во „Викторија и Алберт музејот“. 

Изложбата е насловена како „Кристијан Диор: Дизајнер на соништа“, а тоа беше доволна провокација за голем број познати личности да дојдат да ја посетат.

Меѓу нив беше и помалата сестра на Кејт Мос, 21-годишната Лоти. Таа го привлече вниманието на медиумите, посебно на модните, со изгледот.

Лоти изгледаше совршено во зимски стајлинг во кој женственоста доминираше.

Таа носеше кожен елек-фустан, кој всушност потсетуваше на мантил. Материјалот и бургунди нијансата го прават ова парче, со потпис токму на модната куќа „Диор“, уште повпечатливо.

Во комбинација со црна ролка, салонки и ремен на половината, едноставно изгледа совршено и е парче што дефинитивно би го сакале и во нашиот гардеробер.

Шминката е природна, а фризурата лежерно средена, така што ова издание на Лоти е чист погодок!

Објавено:
1 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
415 пати