Ники Минаж најавува мистериозен и секси парфем

1 август 2013

Во септември минатата година, Ники Минаж дебитираше на пазарот за парфеми со своето прво издание на парфем  „Pink Friday“. А сега, точно една година подоцна, за септември годинава раперката го најавува и лансирањето на вториот парфем „Minajesty“.

Парфемот кој ќе се промовира е изработен во соработка со компанијата Елизабет Арден, а опишан е како раскошен овошен и луксузен цветен мирис, со ноти на кремаста ванила и чист мошус и  доаѓа во шишенце за кое се вели дека има живописна појава која не може да се игнорира. Коментарите за амбалажата на парфемот се дека е олицетворение на Ники, но исто и многу морничаво смислено. Инаку, Ники за својот парфем вели дека мириса како една страсна љубовна афера, мистериозен и секси, незаборавен и хипнотизирачки мирис.

Објавено:
1 август 2013
Категорија: 
Сцена